И Леново ќе прави телефони со Виндоус Фон

од Vladimir Zorba
78 прегледи
Во средината на оваа година Леново ќе се приклучи на екосистемот на Виндоус Фон, откако ќе ги направи првите телефони за кинескиот оператор Чајна Мобајл. Веста која сигурно е важна за платформата на Мајкрософт поради третата позиција на Леново меѓу производителите на смартфони, беше прогласена за време на конференцијата ВинХЕЦ во Шенжен, Кина. Lenovo-Windows-Phone
Засега нема информации дали уредите ќе се нудат и на други пазари, но не е исклучено тоа да се случи. Не е јасно и каква платформа ќе користат на своите телефони – дали ќе бидат со Вин Фон и ќе добијат надградба до Вин 10 или директно ќе се нудат со новиот софтвер.