И МАЛА КОЛИЧИНА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ХАЛУЦИНАЦИИ: Сојузната канцеларија нареди итно повлекување на гумени бонбони од продавниците во Германија

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Федералната канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храната (BVL) издаде итно предупредување и нареди повлекување на гумени бомбони „Muscimol Duftgummys I Love Pot“.

Според извештајот објавен на „Produktwarnung.eu“, дури и мали количини од овие производи можат да предизвикаат халуцинации.

Со анализата е утврдено дека гумените бомбони наместо декларираните 5 мг муцимол по парче, содржат значителни количества канабиноиди и полусинтетички канабиноиди, кои претставуваат сериозен ризик по здравјето.

Поради нивниот изглед, овие бонбони лесно може да се помешаат со обични слатки, што претставува дополнителен ризик.

Предметниот производ потекнува од производителот Elevated Enterprises s.r.o. од Прага, а се продаваат на пазарот од DCM Manufaktur GmbH.

Слични содржини