Ништо ново-И натаму партиско пимплање за пржинското договарање

од Vladimir Zorba
164 прегледи
грујо

Претставниците на  ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и на ДПА денес во 11 часот треба да се  се сретнат за да ги продолжат преговорите за имплементирање на Договорот од Пржино. Партиите  вообичаено ќе ги третираат двете клични теми: реформи во медиумите и за моделот на прочистување на Избирачкиот список.

Преговорите  и натаму  се водат на ниво на високи партиски функционери, а тоа е знак дека нема договор освен договор за договарање. ВМРО ДПМНЕ нема никаков интерес  за брзање во овој момент,нема што да менуваат држи  блокадата, освен ако не  им „шепнат “некое сонзание со сметките, странските гости, па да „сакаат “ самите да попуштаат и да деблокираат.. Не мислев на СЈО , тоа останува само неуспешна пржинска прикаска која власта  перфектно ја елиминира и ефектно ја (с) работи, мислев на целиот систем.

Едно такво гласно „шепкање“   сознание се санкциите кои влегуваат на голема врата , ама со помош на медиумските мегафони и тоа глатко минува и  се соопштува како некаков внатрешен  проблем и начин н работа на ЕУ, а не како казна ,санкции на ЕУ спрема Македонија. И од тоа сепак не се очекува некоја полза, затоа што во тој процес губи Македонија и граѓаните, а не Груевски и партијата. Губиток  е само кога губи вождот и партијата а тоа конто е стабилно,, За другото се покажа дека  МАкедонија одман  губи и цела деценија трпи и  никого не го интересира, се разбира освен повремено дел од граѓаните, мислечките луѓе  и меѓународните фактори.

За нова лидерска средба се уште не се создадени услови, барем додека нешто зад завесата не им биде соопштено на лидерите дека ќе биде објавено пред јавноста, и веројатно тогаш со задоволство „спонтано “ ќе седнат. Но како и да е деновиве ќе ја има и таа средба, пред доаѓањето на Нуланд, американскиот полицаец за менаџирање кризите во регионот и светот. Средба секако ќе има пред или потоа, но посуштински е што ќе се договара, бидејќи амбиентот е фокусиран да има средба, а  не да се реши нешто на неа. Тоа му доаѓа како што е и случајот да има закон за владино рекламирање, како некаков ред во корупцијата на власта и медиумие, а не да се укине корупцијата и да се  најде решение за корумпирањето на медиумите.

Во Македонија уште денеска е и специјалниот пратеник на германското министерство за надворешни работи Јоханес Хајндл. Тој вчера имаше средба со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, но не и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата во владејачката партија била присутна johanes-hajndl-003партиска делегација, но од таму не соопштија кои функционери зборувале со Хајндл во отсуство на Никола Груевски.Тој бил на свадба во Италија, тоа е побитно нели отколку излез од кризата на Македонија. Или можеби  и Груевски знае  , дека ништо не му бега, па се помирил дека веќе не е  премиер, па им оставил простор на Тодоров, и Поповски,   нека се договараат и нека преговараат, за идното лидерство.

И покрај тоа што нема изјави од германскиот пратеник на Меркел, веројатно и нема што битно да се каже во оваа фаза освен констаирање  и бележење на проблемите.

Инаку меѓупартиските преговори беа прекинати кон средината на јуни,  поради дијаметрално спротивни ставови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за регулацијата на медиумите и за начинот на прочистување на Избирачкиот список. Позициите и сега се исти. Ниту има  и ќе решение за медиумите, ниту списокот ќе биде спастрен . Гаранции нема за ништо,  и ако санкциите кои полека се надвиснуваат над Македонија, насоката за губењето на кандидатскиот статус  на држават за ЕУ и НАТО,  не се доволен притисок, тогаш сите имаме проблем , и за освестување ќе ни  треба нешто поконкретно, јавно и директно.

Ако студентските избори го покажаа нивото на демократичноста и враѓање на старот стил на избори , специјалците почнаа да клоцаат под колена  по демонстрантие и да дрпаат државно знаме, тогаш  е јасна стратегијата и потписот  на власта. Не е јасно само од каде оптимизмот на опозицијата  дека во ноември може да имаат фер и кредибилни избори !?

Рејтинзите  како и вистината се менлива работа во Македонија, а она што не се менува  се системите за добивање . Промените и правдата одат во пакет со системот,  а потоа и  (не)мирот.

Ад