И НЕМА РАМНА: Тејлор Свифт доминираше на MTV Video Music Awards со девет награди

од Vladimir Zorba
386 прегледи

Американската поп-мегаѕвезда Тејлор Свифт триумфираше на 40-тото доделување на MTV Video Music Awards што се одржаа во вторникот во Њуарк, Њу Џерси, освојувајќи вкупно девет статуетки.

Таа ја освои наградата за изведувач на годината, за видео на годината и за песна на годината за нејзиниот хит „Anti-Hero“ од 2022 година.

Тејлор, исто така, ја освои наградата за најдобра поп изведба, најдобра режија, најдобри визуелни ефекти, најдобра кинематографија, најдобра летна изведба и албум на годината за „Midnights“.

Свифт влезе во историјата како прва личност која четири пати ја освоила наградата за Видео на годината.

„Ова е неверојатно“, рече пејачката додека се качи на сцената и гордо ја држеше во раце фигурината „Moon Person“ за спотот на годината.

„Многу ми значи фактот дека ова е награда за која гласаа моите фанови“, додаде.

Најпрестижната награда на вечерта, „Video Vanguard“, која ги наградува иновациите во индустријата за аудиовизуелно снимање, ја освои колумбиската музичарка Шакира (46).

„Благодарност до МТВ. Ви благодарам што игравте толку важна улога во мојата кариера од мојата 18-та година“, возбудено рече таа.

Раперот Лил Вејн, по потекло од Харлем, го отвори годишното издание на MTV VMA наградите. Доби награда за долгата кариера во рап.

„Ова е толку надреално. Почнав како доставувач на весници“, изјави 53-годишниот рапер.

Њујоршката хип хоп музичарка Ники Минаж ја воодушеви публиката втора година по ред, изведувајќи го во живо нејзиниот нов сингл „Last Time I Saw You“, кој ќе се најде на нејзиниот претстоен албум, кој треба да излезе во ноември.

Минаж ја освои наградата за Најдобар хип-хоп албум за „Super Freaky Girl“.

Наградата за најдобро R&B видео ја доби уметникот SZA за „Shirt“, а јужнокорејската група Stray Kids ја освои наградата за најдобар K-pop.

Раперот Ice Spice е прогласен за најдобар нов изведувач.

Нигеријката Rema ја освои наградата во нова категорија – Afrobeats музика, за синглот „Calm Down“ изведен со Селена Гомез. Песната надмина милијарда стримови на Spotify во текот на викендот.

На музичкиот фестивал настапија Деми Ловато, Лил Вејн, Оливија Родриго, водителката Ники Минаж и раперот Шон „Диди“ Комбс, кој ја доби наградата „Global Icon“.

Слични содржини