И оваа година откажан Октоберфест

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Баварските власти одлучија и оваа година да го откажат еден од најголемите светски фестивали – Октоберфест – вторпат по ред од почетокот на пандемијата, пренесоа медиумите.

Гувернерот на Баварија, Маркус Зедер, рече дека одлуката за откажување е донесена со „тешко срце“, но дека тоа, со сè уште големиот број на заразени и хоспитализирани, мора да се направи.

„Октоберфест дефинитивно ќе има повторно и повторно ќе биде голем“, вети Зедер, пренесува АП.

Тој исто така им препорача на другите градови во Баварија, кои организираат настани по примерот на Октоберфест, да се воздржат од прослави и оваа година.

Слични содржини