И овој месец „Нула град во општина Центар“ обезбеди хуманитарни пакети за 150 семејства

492 прегледи

И овој месец 150 семејства кои имаат социјален ризик добија пакети со прехранбени и основни хигиенски производи, благодарение на активностите на „Нула град во општина Центар“

Како што велат од општината, оваа активност се реализира еднаш месечно, по претходно утврден список добиен од Министерството за труд и социјална политика.

„Во соработка со Банка за храна и здружението Хуманост, во тек е и акцијата за помош и поддршка на пензионери со ниски примања. На повозрасните граѓани овој период им се доставуваат пакети со прехранбени и хигиенски производи, а главната цел на акцијата е да се обезбедат пакети за сите пензионери со ниски примања кои живеат на територија на општината“, се вели во соопштението добиено од општина Центар.

Слични содржини