И Песков на листата со санкции на ЕУ

од Nikola Popovski
207 прегледи

Европската унија продолжи да ја проширува својата листа на руски државјани, на кои ќе им бидат наметнати санкции.

Како што пренесува денеска „Спутник“, на листата е и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, директорот на Роснефт Игор Сечин и бизнисмените Михаил Фридман и Алишер Усманов.

Санкции се воведени и за писателот Захар Прилепин и новинарката Олга Скабеева.

Европската унија во петокот одлучи да ги замрзне средствата и на Путин и на Лавров во рамките на пакетот санкции.

Слични содржини