И по “целата аболиција”, нови 30 дена куќен притвор за членовите на Левица

од desk3
171 прегледи

Кривичниот суд денеска одреди уште 30 дена домашен притвор за Здравко Савески и Владимир Куновски, членови на партијата Левица. Со оваа одлука обвинетите остануваат втор месец во куќен притвор поради обвиненијата за демолирање на народната канцеларија на Ѓорге Иванов, откако тој аболираше 56 лица против кои се водела постпка пред СЈО.

zdravko-saveski-670x893

Инаку, судскиот процес против членовите на Левица се одложуваше два пати. Стартот е закажан за 31 мај. Пред неколку дена Апелација ја одби жалбата на Обвинителство, кое бараше тие да бидат префрлени во притворско одделение во затвор, додека тече судскиот процес.

Судењето за „Диво Насеље“ повторно одложено

Куновски и Савески се во домашен притвор од 25 април.

Слични содржини