И покрај ВОЈНАТА во Украина, бензинот ПОЕВТИНУВА

од Vladimir Zorba
765 прегледи

Црните претпоставки дека војната во Украина ќе доведе до ситуација во која цената на литар бензин на пумпите во Европа ќе надмине дури три евра се покажаа како неоправдани.

Како што продолжува конфликтот, а новата реалност на понудата ја наоѓа својата логика, цените паѓаат и ситуацијата се стабилизира.

Цената за барел моментално е намалена на 92,34 долари, што е најниско од февруари, пред избувнувањето на војната во Украина. Ова претставува намалување од над 10 проценти овој месец и повеќе од 20 проценти, ако се вклучи јули. Во екот на кризата, во март барелот чинеше 123 долари. Покажува значителна тенденција за смирување. Сепак, сè над 80 долари и понатаму претставува скапа верзија на црното злато.

Во моментов, литар бензин со 95 октани, на пример, во Франција се продава во просек за 1,73 евра, што е големо олеснување за купувачите, имајќи предвид дека не толку одамна беше над две евра. Во Франција се уште е на сила државната субвенција од 18 центи за литар, додека од септември оваа помош ќе биде наменета за најранливите категории, но затоа ќе може да достигне и до 30 евроценти.

Во Словачка литар бензин денеска чини и 1,73 евра. Помалку е од тоа во Германија (1,71) и Албанија (1,72), а повисоко е во Литванија (1,75), Австрија (1,76), Португалија (1,78) и Шпанија (1,79).

Бензинот е уште поскап во Летонија (1,80), Белгија и Италија (1,82), Шведска (1,87), Естонија (1,90) и Ирска (1,94). Над две евра и понатаму се плаќа во Грција (2,04), Велика Британија (2,06), Холандија (2,08), Данска (2,09), Финска (2,11), Норвешка (2,24), Швајцарија (2,25) и Исланд, каде што просечниот литар чини дури 2,34 евра.

Од друга страна, во Андора возачите треба да издвојат 1,69 евра за бензин од 95 октани, во Чешка 1,68, Унгарија 1,67, Романија и Турција по 1,66, на Кипар 1,63, во Луксембург 1,64 и во Бугарија 1,59.

Литар бензин чини под евро и пол во Полска (1,46), а во Украина и Молдавија по 1,33. Најевтините резервоари се полнат во Белорусија (0,96) и Русија (0,82).

Од поранешните југословенски републики, тој е најскап во Хрватска и чини 1,62 евра. Следат БиХ (1,61), Словенија и Србија (1,53), Северна Македонија (1,44) и Црна Гора (1,35).

Слични содржини