И покрај заканите на Путин, „Газпром“ продолжува да ја снабдува Европа со природен гас

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Ројтерс цитира кратка изјава на „Газпром“ во која се наведува дека рускиот енергетски гигант продолжува да ја снабдува Европа со природен гас преку Украина во согласност со барањата на европските потрошувачи.

Да потсетиме, претседателот Владимир Путин во четвртокот потпиша одлука со која се бара од странските купувачи да плаќаат во рубљи за рускиот гас од 1 април или се закани со раскинување на договорот, потег што европските држави го сметаат за „уцена“.

Слични содржини