Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин смета дека е можно учество на Русија во меѓународната коалиција за борба против тероризмот во Либија, вклучувајќи и во морска блокада за спречување на испораки на оружје.
Чуркин ја изрази својата позиција на седница на Советот за безбедност на ОН, пренесоа агенциите.
Од политичка гледна точка не исклучуваме таква опција. Но, тоа не е мое решение, одговори дипломатот на прашање на медиум.
“Ако Русија може да учествува во операцијата на брегот на Сомалија, зошто Русија не може да учествува во Средоземното Море”, праша тој, нагласувајќи дека удари по терористичката група “Исламска држава” во Либија нанесува Египет, кој е во пријателски односи со Руската Федерација.
Чуркин потсети дека Русија не го прифатила учество во создадената од САД коалиција за борба против “Исламска држава” во Сирија, бидејќи операцијата не е одобрена од Советот за безбедност на ОН и се одвива без согласност на Дамаск.
Овие два фактори не ни дозволуваат да учествуваме, категоричен е дипломатот, но потсети дека Русија пружа помош на Сирија и Ирак.
Според неговите зборови, Русија е подготвена за конструктивна работа по нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за Либија, поднесена во средата од Јордан, која е поврзан со укинување на ембаргото за оружје.
Вчера Советот за безбедност одржа состанок за ситуацијата во Либија. Северноафриканската земја побара помош од меѓународната заедница во борбата против тероризмот. Египет побара воведување на морска блокада, за да се спречи испораката на оружје за исламистите.
