И САД имаа свои “гулази”- никој не сака да слушне за оваа грешка на американците

од desk3
76 прегледи

 

По јапонскиот напад на Перл Харбор Америка ги окарактеризирува Јапонците кои живеат на нејзина територија, како “безбедносен ризик”. Над 120.000 луѓе се уапсени и испратени во логори. Но во САД избегнуваат да зборуваат за тоа-пишува DW.

0,,19285773_303,00

 

Се започнува по јапонскиот напад над САД поморска база во Перл Харбор на 7 декември 1941: уште следниот ден САД прогласуваат војна на Јапонија и истовремено ги апсат сите Јапонци кои живеат на територијата на САД или мигранти со јапонски корени како “ризик за сигруността на земјата”. Во февруари 1942 тогашниот претседател Франклин Делано Рузвелт потпишува декрет според кој над 120.000 лица се затворени во логори против нивната волја. Само една петтина од нив се родени во Јапонија. Останатите се втора или трета генерација јапонски мигранти. Мери Мураками е една од нив. Во интервју за Дојче веле таа раскажува приказна:

Дојче веле: Брзо ли се променија ставовите во САД после јјапонскиот напад на Перл Харбор?

Политичкиот ислам гранка кон зајдисонце

Мери Мураками: Се започна уште на истиот ден. Ние знаевме дека ФБИ прави листа и ќе апси луѓе. Уште во ноќта по нападот на Перл Харбор низ улиците на јапонскиот кварт во Сан Франциско почнаа да кружат бројни американски војници. Никој не можеше да влезе или излезе од соседството. Тогаш разбравме дека лошо ни се пишува.

0,,19285782_401,00
Дојче веле: Како помина времето пред да ве одведат во кампот во пролетта 1942 година?

Мери Мураками: Прво воведоа полициски час. Рекоа дека важи за “неколку милји”. Но со секој изминат ден просторот во кој можевме да се движиме, стануваше се помал. Многу наскоро моите две поголеми сестри и татко ми не можеа да одат на работа. Потоа поголемиот брат не можеше да отиде до универзитетот. Последователно полицискиот час влезе во сила за цели станбени комплекси и не можев да одам на училиште. Многу луѓе ги загубија своите работни места. Покрај тоа банките одредуваа колку пари можеме да вадиме на месец и немавме пристап до нашите заштеди.

Дојче веле: Во пролетта на 1942 година, пред да бидете интернирани во камп, американската армија ве предупредува со плакати дека имате право да го понесете со себе само она што можете да носите. Што се случи со целиот имот?

Мери Мураками: Моите родители беа принудени да продадат сè: цел мебел од седум соби. Некои цркви во кои членуваат Јапонци, понудија да складираат некои предмети. Ние дадовме во магацин некои работи кои сакавме да си ги вратиме по војната. Само што кога тоа се случи, не затековме ништо. Ниту најскапите сервисери кои мајка ми имаше уште од Јапонија, ниту нашите кукли. Целото официјално складирање на имот беше одземено. Многу Американци од јапонско потекло загубија своевремено сè – куќи, работа, целиот имот.

Дојче веле: Каков беше животот во кампот?

Мери Мураками: Бевме сместени во Јута, во бараки за 200 лица. Секое семејство доби број. Нашиот семеен број беше 22416, а индивидуалните броеви на секој член на семејството гласеа: За Тато №22416 А, за мама – №22416 Б, а јас, како најмала добив №22416 Е. Сите ние бевме само броеви. Имавме среќа, бидејќи сестра ми успеа да организира две соби за седумчлено семејство – една за родителите и брат ми и една за нас -девијчињата. Во бараката имаше заедничка бања за сите. Тоалетите немаа врати и беа распоредени еден спроти друг.. Единствените мебел кој го имавме беа кревети и една печка за греење. Понекогаш таму беше многу студено. Но полоши од студот беа песочните бури. Песокот влегуваше едноставно насекаде.

0,,19285777_401,00

Дојче веле: Имаше ли мажи во кампот, кои служеа во американската армија?

Мери Мураками: Многу дури. Некои од нив одеа доброволно во армијата, за ја изразат својата лојалност кон САД. Тие веруваа дека камповите ќе бидат затворени побрзо, благодарение на нивното учество во американската армија. Но тоа не се случи. Мажот на сестра ми исто така беше доброволец во посебен јапонско-американски баталјон. По некое време во кампот дојдоа неколку луѓе за да ги врбуваат младите мажи. По навршувањето на 18 години тие мораа да влезат во армијата. Брат ми доби покана веднаш по завршувањето на средното образование и беше испратен во Германија. Интересен е фактот дека токму еден јапонско-американски одред на американската армија ослободи една од единиците на концентрациониот логор во Дахау. Иронично, родителите на повеќето војници од овој одред беа исто така затворени во логори – само што во САД.
Дојче веле: Денес Вие ги обиколувате училиштата и други институции и ја раскажувате својата историја. Зошто?

Мери Мураками: Затоа што тоа е дел од американската историја, за која повеќето луѓе не сакаат и да слушаат. Но тие треба да ја дознаат за оваа страница од американската историја. Ова е важно – особено денес, кога некои весници и политичари кај нас се однесуваат кон муслиманите на ист начин како своевремено кон Јапонците.

ДВ: Што ве возбудува кога размислите за претстојните претседателски избори во САД?

Мери Мураками: Силно сум загрижена за овие избори. Ако Трамп стане претседател, не ми се мисли … Многу ме загрижува начинот на кој тој зборува за муслиманите. Тоа е и една од причините да ја раскажувам мојата приказна. Со неа сакам да покажам дека американската влада допушти огромна грешка, одземајќи ни ги едноставно така граѓанските права. Сегашните избори во Америка јасно ни покажуваат дека такво нешто може да се повтори уште еднаш.