Со загриженост за прислушувањето во Македонија и за актуелната политичка состојба во државата преку соопштение се огласи и Шведската амбасада кај нас.
„Изнесените наводи дека се случило следење од голем обем на политичари, новинари и претставници од граѓанското општество, како и наводите за злоупотреба на моќта во политиката, медиумите и правосудството се длабоко загрижувачки. Неопходни се независни, целосни и транспарентни истраги на сите овие факти. Доколку се следела и дипломатска кореспонденција, тоа е кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи. Шведската амбасада меѓутоа, нема да коментира за ниту еден од нејзините приватни разговори“, пишува во реакцијата на преставништвото на Стокхолм.
Странските амбасади во Македонија викендов излегоа со идентичен став околу информацијата дека и тие биле дел од прислушкувањата што СДСМ ги објави пред јавноста. „Злоупотреба на моќ, неопходна независна и транспарентна истрага и кршење на Виенската конвенција“ – се трите позиции на кои посочуваат шведската, британската и амбасадата на ЕУ во Македонија.
