И Сорос се обложува на биткоин

од Nikola Popovski
333 прегледи

NYDIG, компанијата што го олесни купувањето на 100 милиони долари вредни биткоини од MassMutual минатата година, собра 200 милиони долари од група големи имиња меѓу инвеститорите, објави Yahoo Finance.

Во рундата беа вклучени Stone Ridge Holdings Group, Morgan Stanley, New York Life, MassMutual, Soros Fund Management и FS Investments, објави NYDIG во понеделникот. Учествуваа и претходни инвеститори како што се Bessemer Venture Partners и FinTech Collective.

„Компаниите вклучени во оваа рунда се повеќе од инвеститори – тие се партнери и секоја од нив ни е добро позната со години“, рече Роберт Гутман, ко-основач и извршен директор на NYDIG.

Тој посочи дека компанијата ќе работи со овие компании на стратешки иницијативи поврзани со биткоинот, вклучувајќи управување со инвестиции, осигурување, банкарство, чиста енергија и добротворни цели.

NYDIG, кој обезбедува крипто-услуги на институции, се прослави во декември кога 169-годишната осигурителна компанија MassMutual се обложи на биткоин. Тогаш таа имаше удел од 5 милиони долари во NYDIG.

Малку подоцна, компанијата стана клучен партнер за усвојување на криптовалутата на Волстрит. Минатиот месец, Гутман изјави дека NYDIG веројатно ќе управува со биткоини за повеќе од 25 милијарди долари во име на своите клиенти до крајот на 2021 година.

„Во наредните месеци и квартали, внимавајте на експлозија на иновации во производите и услугите на биткоин обезбедени од NYDIG во партнерство со нашите нови инвеститори“, рече шефот на компанијата.

Слични содржини