Компанијата за управување со средства „Сорос Фонд“, основана од инвеститорот и милијардер Џорџ Сорос, откри дека поседува криптовалута биткоин.
Семејната компанија поседува „некои криптовалути … но не многу“, рече Дон Фицпатрик, извршен директор и директор за инвестиции во Фондот.
„Не сум сигурен дека на биткоинот овде се гледа само како на заштита од инфлација. Мислам дека го премина патот од бездната кон мејнстримот“, рече тој, додавајќи дека криптовалутите сега имаат пазарна капитализација од повеќе од 2 трилиони долари и повеќе од 200 милиони корисници..
Цената на биткоинот, најпопуларната крипто -валута во светот, изнесуваше 54.726 долари при утринското тргување, откако вчера скокна за 10 проценти на над 55.000 долари од нивото од околу 50.000 долари.
Американската секретарка за финансии Џенет Јелен и претседателите на Комисијата за хартии од вредност (SEC) на САД, Гери Генслер, претходно оваа недела изјавија дека немаат планови да воведат ограничувања за тргување со криптовалути.