Русија е позната по бесрамноста, со која ги користи државните компании како инструменти на државната власт. Гасните војни на рускиот претседател Владимир Путин со Белорусија и Украина станаа водечки теми за медиумите и во некои случаи оставија значителни делови од Европа на ладно. Но подвизите на Москва во други поврзани со енергетиката области се помалку забележани.
Последните откритија за усогласени руски напори за откуп на ураниумуви ресурси во светот може да го променат тоа. Руската државна компанија за атомска енергија Росатом влезе успешно во голем број на домашни пазари во светот. Росатом, а не француската компанија Арева или американската компанија Вестингхаус, поседува 29 нуклеарни реактори во различни фази на планирање и изградба во повеќе од десетина земји. Тоа е најголемиот број нуклеарни реактори, која една земја ги гради во странство. За споредба државната компанија Арева нема продадено ниту еден реактор од 2007 година.
Поголемиот дел од успехот на Росатом може да биде припишан на силната поддршка обезбедена од руската влада. Москва призна пред околу 10-15 години, дека работата на Росатом и овозможува на Русија да додаде други поврзани со енергетиката средства за проширување на долгорочно политичко влијание низ светот. За разлика од проектите во областа на нафтата и природниот гас, нема потреба руските проекти за нуклеарен развој да се во соседните земји или дури и во регионот на Русија. Овој факт ги проширува можностите за инвестирање на Кремљ.
Земјите со кои Русија и нејзината државна компанија потпишаа договори во изминатата година, се навистина различни. Најскорешната зделка беше со Јордан, блискоисточна земја без излез на море и сиромашна со енергија, која се согласи Росатом да изгради два нуклеарни реактори до 2022 година
Месец пред договорот со Јордан, Путин го финализира договор со Унгарија, според кој Росатом ќе изгради и инсталира два реактора во веќе постоечката изградена од СССР нуклеарна централа Пакш во јужниот дел на земјата. ЕУ почна интензивно да го проверува договорот поради изворот на нуклеарното гориво, но како што изгледа работата по него ќе продолжи.
Само неколку дена пред договорот со Унгарија, Путин ја користи посетата на Египет, за да склучи претходен договор со египетскиот претседател Абдел Фатах ас Сиси. Москва е подготвена да ја изгради првата нуклеарна централа на Египет, во северниот град Александрија.
Во ноември Русија потпиша договор со Иран за изградба на уште два нуклеарни реактори во нуклеарната централа во Бушехр, каде Русија веќе изградила еден реактор, кој сега е актуелен. Зделката ја остави отворена можноста за Росатом да изгради дополнителни четири реактори на место кое допрва треба да биде отворено.
Индија има долгогодишни врски со Росатом, бидејќи Делхи очајно се обидува да го зголеми својот капацитет за производство на електрична енергија. Изградениот од Русија нуклеарен реактор беше вклучен во мрежата во нуклеарката во Куданкулам во 2013 година. Овој проект беше замислен уште во времето на советскиот режим. Друг реактор ќе биде пуштен во истата централа подоцна оваа година. Уште два реактори се планирани за изградба на истиот објект. Кога Путин ја посети Индија во декември 2014 година, двете влади потврдија дека нивната соработка во секторот на нуклеарната енергетика ќе продолжи. Планирани се најмалку 10 дополнителни реактори во следните години.
Во северна Финска Росатом почна прелиминарни активности на објект, каде нова нуклеарна централа се планира да проработи во 2024 година. Првиот турски нуклеарен реактор кој Росатом ќе го гради, би требало да почне да се гради оваа пролет. Росатом гледа исто и кон Латинска Америка. Додека Путин ја обиколуваше Јужна Америка во јули 2014 година, тој и аргентинската претседателката Кристина Кирхнер потпишаа договор за соработка во нуклеарната енергетика. Минатиот месец двајцата водачи се согласија Росатом да изгради реактор во централата Атуча-3 во близина на Буенос Аирес.
Во февруари 2015 година Росатом склучи договор со бразилската Национална енергетска комисија, за да обезбедува снабдување на молибден-99, елемент со голем број на невоени нуклеарни апликации.
На што се должи оваа серија на договори? Дали Русија и Росатом имаат поголем успех отколку западните нуклеарни компании? Причините се четири:
1) Поволни услови на финансирање
Иако Русија остро има потреба од готовина поради западните санкции, таа сеуште сака да се зафаќа со проекти, кои ветуваат профити на подолг рок. Она што Русија ќе го добие во замена, се очекува да биде повеќе од финансиска добивка. Режимот на Путин гледа на сите овие проекти како дел од националната стратегија. Тој има желба да додели значителни субвенции на Росатом и да дава заеми на земјите кои се премногу сиромашни за да си ги дозволат руските производи. Овие субвенции значат дека Росатом може да продава нуклеарни реактори со далеку помала цена отколку неговите конкуренти.
2) Шемата на Росатом за изградба, поседување и контрола на работата на нуклеарните реактори
Многу земји во развој имаат желба да се развие нуклеарна енергија како извор на релативно евтина енергија, но не можат да соберат средства за изградба на реактори. Покрај тоа немаат желба или пак обиди да се оператори на овие реактори кога тие ќе бидат изградени. Трансакциите за изградба, поседување и контрола на работата на реакторите ги бришат овие пречки и ја префрлаат одговорноста врз плеќите на Русите. Но овие исто така стануваат земјио заложници на желбите и барањата на Русија. При овие спорни трансакции Русија и Росатом обезбедуваат нуклеарно гориво , го преработуваат , ги обучуваат работниците и техничките експерти, обезбедуваат одржување и инсталацијата на нови технологии, ако е потребно. Новата нуклеарна централа во Турција е првата која ќе биде изградена под овие услови.
3) Росатом ужива релативна слобода што се однесува до владиниот надзор.
Во споредба со останатите големи компании во светот кои се вклучени во нуклеарни проекти, на пример Арева, Вестингхаус или јапонската Тепко, Росатом не се откажува од изградба на реактори во одредени земји. За споредба американските компании можат да градат нуклеарни реактори само во 46 земји со кои САД веќе склучиле т.н. 123 договори за споделување на нуклеарната технолохија. Земји како Виетнам и Бангладеш, каде Росатом гради реактори, не се во оваа листа и така практично САД дури немаат можност да се натпреваруваат таму со руската компанија за склучување на слични договори.
4) Договорите се придружуваат со бенефиции
Под одредени околности нуклеарниот договор со Русија е само дел од поголем пакет. Соработката на Виетнам со Русија на пример им овозможува исто и купување на подморници и на друга воена опрема од Москва.
Поради сите овие четири причини за западните корпорации стана сè потешко да се натпреваруваат со Русија и Росатом и тие секогаш заостануваат.
Француската Арева пример има сериозни финансиски тешкотии и треба да се справи со неодамнешните откритија за технолошки проблеми во дизајнот на реакторите . Вестингхаус е спречена од незаинтересираноста на Американците за изградба на нови реактори. Странски купувачи често пати сакаат да видат како реакторот кој тие се одлучиле да го изградат, работи во базата на компанијата, и Вестингхаус нема што да им покаже. Јапонските компании беа негативно погодени од несреќата во нуклеарната централа Фукушима 1 во 2011 година
Во тоа време Росатом, потпомогнат со полна сила од владата на Путин, се проширува досега во меѓународен план и на тој начин се проширува и опсегот на руската власт. Како се прави тоа во други области – медиуми и финансии на пример – Европа и САД треба ги идентификуваат и да го смират руското влијание во енергетската сфера.
Порано или подоцна инстинкт на Вашингтон и на Брисел да ги игнорира овие предизвици не само сериозно што ќе го поткопа западниот бизнис, но, исто така, ќе го отстапи на Русија влијанието на меѓународната сцена, што таа ревносно се стреми да го купи.
