И вработените во Пошта ќе штрајкуваат ако нема итна средба со Владата

од Radmila Tasevska
161 прегледи

Од синдикатот на Македонска пошта бараат итна средба со Министерството за транспорт и врски и Владата за состојбите во претпријатието кое, како што велат, се соочува со загуби во работењето и ризици за редовна исплата на платата.

Во рок од пет дена доколку не се одржи средба, синдикалното раководство најави дека ќе ги преземе сите законски мерки и механизми за заштита на правата на работниците со организација на протести и штрајкови. Повторно апелира генералниот директор на Пошта да го стопира огласот за 31 ново вработување во администрацијата на претпријатието, што сметаат дека е економски неиздржано и  во постојните финансискси услови.

-Стравуваме како вработени за натамошната иднина на друштвото, како и редовната исплата на плата за наредниот период со оглед на фактот дека платата за јануари ја земавме на 17-ти месецов по истекот на законскиот рок. И покрај тоа што Македонска пошта се соочува со сериозни проблеми со целокупното работење генералниот директор распиша оглас за нови 31 вработување во администрцијата. Тие вработувања во оваа ситуација се непотребни со оглед на фактот дека во тој дел имаме превработеност,  а тоа може да се направи со прераспоредување на работни места со цел поголема продуктивност и подобри услуги кон граѓаните, рече на прес-конференција Боро Велигденов, претседател на Синдикатот, посочувајќи дека нови вработувања се потребни во технолошкиот процес, односно на поштари, шалтерски и работници во оператива, каде немаат доволно кадар.

Доколку во рок од пет дена не се одржи средба, синдикалното раководство најави дека ќе ги преземе сите законски мерки и механизми за заштита на правата на работниците со организација на протести и штрајкови. Повторно апелира генералниот директор на Пошта да го стопира огласот за 31 ново вработување во администрацијата на претпријатието, што сметаат дека е економски неиздржано и  во постојните финансискси услови.

-Стравуваме како вработени за натамошната иднина на друштвото, како и редовната исплата на плата за наредниот период со оглед на фактот дека платата за јануари ја земавме на 17-ти месецов по истекот на законскиот рок. И покрај тоа што Македонска пошта се соочува со сериозни проблеми со целокупното работење генералниот директор распиша оглас за нови 31 вработување во администрцијата. Тие вработувања во оваа ситуација се непотребни со оглед на фактот дека во тој дел имаме превработеност,  а тоа може да се направи со прераспоредување на работни места со цел поголема продуктивност и подобри услуги кон граѓаните, рече на прес-конференција Боро Велигденов, претседател на Синдикатот, посочувајќи дека нови вработувања се потребни во технолошкиот процес, односно на поштари, шалтерски и работници во оператива, каде немаат доволно кадар.

Според него, не е преземено ништо за спроведување на трипартитниот меморандум за соработка  потпишан протестот во октомври лани, што го организираше Синдикатит. Тогаш со раководството и Владата беа договорени активности за внатрешни реформи, со нова систематизација и реорганизација на работењето особено во делот на обезбедување услови  и средства за работа, како и потпишување колективен договор.

 

Слични содржини