И WhatsApp доби блокада во Кина

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Популарната WhatsApp комуникациска платформа е блокирана на територијата на Кина, објави весникот “Њујорк тајмс”. WhatsApp е сопственост на американската компанија “Фејсбук”, која е сопственик и на истоимената социјална мрежа, блокирана во Кина од 2009 година.

WhatsApp беше последната од понудените од “Фејсбук” услуги, до кои пристапот во Кина не беше ограничен. Според “Њујорк тајмс”, ограничувањата за употреба на WhatsApp започнале во почетокот на јули со блокирање на видео разговори, испраќање фајлови, вклучувајќи и фотографии. Сега, сепак, блокираните текстуални пораки и WhatsApp се целосно недостапни во континентална Кина.

Според експерт, цитиран од “Њујорк тајмс”, оневозможувањето на текстуалните пораки во WhatsApp, покажува дека во Кина развила специјално програмското обезбедување, кое може да се справи со технологијата на шифрирање податоци, какви што се користат за пренесување на пораки.

Од 2003 година, Кина го има системот Златен Штит, подобро познат како “Големиот кинески огнен ѕид”, кој филтрира потрошувачки пристап до интернет услугите. Страници со анти-владини содржини или “чувствителни” материјали, социјални мрежи кои не се контролирани од Владата на НР Кина и сајтови за коцкање, обично се блокирани.