IAEA: Гроси следната недела ќе ја посети нуклеарната централа Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
118 прегледи

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Рафаел Гроси следната недела треба да ја посети нуклеарната централа Запорожје за да ја процени безбедносната ситуација во објектот и да ја нагласи итната потреба да се заштити за време на актуелниот воен конфликт, соопшти IAEA денеска.

„Одлучив повторно да отпатувам во нуклеарната централа Запорожје за да видам како еволуирала ситуацијата од септември и да разговарам со оние кои управуваат со централата во овие невидени и многу тешки околности“, наведува Гроси во соопштението, пренесе ТАСС.

Тој ја посети нуклеарната централа Запорожје за првпат на први септември 2022 година.

Слични содржини