IAEA отвара канцеларија во Фукушима пред испуштањето радиоактивна вода во морето

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) денеска отвори привремена канцеларија во нуклеарната централа Фукушима каде ќе бидат стационирани нејзините службеници кога обработената радиоактивна вода ќе биде испуштена во морето.

Инаугурацијата на канцеларијата се случи кога генералниот директор на IAEA Рафаел Гроси ја посети централата Фукушима Даичи, која беше оштетена од силниот земјотрес и цунами кои се случија во 2011 година.

Нуклеарното тело на ОН објави сеопфатен извештај претходниот ден во кој се гарантира безбедноста на јапонската план за испуштање, пренесува новинската агенција Кјодо.

IAEA соопшти дека планира да продолжи да присуствува на локацијата и да обезбедува ажурирања во реално време за процесот на испуштање вода, вклучувајќи релевантни податоци на нејзината веб-страница.

Слични содржини