IAEA подготвена да испрати постојани тимови во сите украински нуклеарни централи

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) е подготвена да формира постојани мисии на експерти околу и во зоната околу Чернобил, соопшти денеска IAEA на својата веб-страница.

„IAEA се подготвува да испрати тимови на подолг временски период во четири украински нуклеарни централи – Хмелницки, Ривне и Јужна Украина, како и во Чернобил, по минатонеделниот договор меѓу украинскиот премиер Денис Шмихал и генералниот директор на IAEA, Рафаел Гроси“, се вели во соопштението.

Како што пренесува ТАСС, мисиите на експерти на IAEA ќе му пружат помош на персоналот во нуклеарните постројки со цел да се одржи високо ниво на нуклеарна безбедност.

Слични содржини