166
Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси, повика на итна акција за намалување на заканата од напади во близина на нуклеарната централа во Запорожје, бидејќи на тоа подрачје се регистрирани нови напади.
Во соопштението за печатот се наведува дека оваа недела, по неколкудневен прекин на огнот, IAEA регистрирала нови гранатирања и експлозии во близина на нуклеарната централа во Запорожје кога биле скршени прозорците на салата во која се наоѓа турбината, пренесе ТАСС.
Гроси повтори дека е неопходно итно да се воспостави безбедна средина околу најголемата нуклеарна централа во Европа за да се избегне можна катастрофа.