IAEA: Русија да ги прекине сите акции во украинските нуклеарни централи

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) ја усвои третата резолуција од почетокот на војната во Украина, повикувајќи ја Русија да ги прекине сите акции во украинските нуклеарни централи.

Повикувајќи се на дипломатски извори, „Ројтерс“ соопшти дека гласањето се одржало зад затворени врати, а барањето за резолуцијата било поднесено од Канада и Финска.

Од 35 членки на IAEA, 24 гласаа за резолуцијата, две беа против, седум беа воздржани, а две делегации беа отсутни.

Слични содржини