Под наслов “Паника во Косовското Поморавје, Ибар надоаѓа, семејства се евакуираат” српскиот весник “Курир” пишува за новите поплави, кои го зафатија јужниот дел на земјата, заедно со Косово.
Изданието пишува дека евакуацијата на семејствата од Рани луг била извршена од екипи на “Црвениот крст”, испратени од Младеновац. Според весникот целата обработлива земја во општина Звечан повторно била преплавена откако водите се повлекле по поплавите од минатата недела.
Ибар го покачува нивото , Ситница излегува од коритото, пишува српскиот весник “Политика”.
Весникот ја цитира агенција “Танјуг”, според која се има спроведено евакуација на луѓе во Рани луг откако Биначка Морава ги поплави куќите по течението.
Агенцијата истакнува дека во јужниот дел на Косовска Митровица реката Ситница збриша куќи во албанската населбата и е преплавила стотици декари обработливо земјиште. Во северниот дел на Косово обилните врнежи продолжија.
