Ибра го посети Рајола во болница, агентот доби поддршка и од други ѕвезди

од Vladimir Zorba

Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ го посети својот менаџер Мино Рјиола во болница.

Италијански „Медиасет“ и „Газета дело Спорт“ објавија дека Ибра бил во болницата „Сан Рафаеле“ во четвртокот, денот кога беше објавено дека Рајола починал.

Тој беше најблиску бидејќи игра за Милан, додека многу други фудбалери застапувани од агентот можеа само од далечина да следат што се случува. Подоцна се покажа дека информацијата е погрешна, но ја пренесоа сите поголеми медиуми во Европа и светот.

Италијанците пишуваат и дека Рајола е во болница поради проблеми со белите дробови, а во целата ситуација се огласи и самиот агент кој ја негираше сопствената смрт.

Агентот има посебен однос со Ибрахимовиќ и е еден од ретките кои успеале да го зауздаат ​​егото на шведскиот фудбалер во изминатите 20 години.

Инаку, Рајола беше поддржан од уште еден негов играч, Марио Балотели. Тој на социјалните мрежи напиша: „Те сакам, остани силен Мино“.

Слични содржини