ИБРА НАПРАВИ ШОУ: Излезе на сцена како член на популарна група, публиката во транс (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Златан Ибрахимовиќ, каде и да се појави, привлекува големо внимание, а потврда за тоа стигна и од концерт во Италија. Фудбалерот на Милан беше дел од групата „Swedish House Mafia“ во истоимениот град. Станува збор за позната тричлена хаус група од Шведска, а само за овој настап добија уште еден член од тимот.

Пред излегувањето на сцената, Златан беше најавен како дел од нивниот тим. „Вечерва имаме четврти член. Направете врева за Златан Ибрахимовиќ“, се слушна пред појавувањето на легендарниот фудбалер на сцената.

Публиката веднаш падна во транс, по што следеа аплаузи, овации и голем ентузијазам од сите во салата.

Тоа беше знак дека шоуто може да продолжи, а Ибрахимовиќ уживаше. Тој на својот Инстаграм профил сподели видео од спектаклот, па сите можеа да видат како тоа изгледа. На оваа социјална мрежа тој доби над 150.000 лајкови.

Ибра е познат како љубител на музиката, а особено сите го знаат по пеењето на песната „Јутро је“ од Нада Топџаѓиќ, која му е омилена песна.

Слични содржини