Ибра покажа во каква форма се наоѓа (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ можеби се опоравува по операцијата на левото колено, но тоа во никој случај не го спречува да остане во импресивна форма.

40-годишниот ветеран продолжува да биде активен на социјалните мрежи, овојпат објавувајќи фотографија на која ги покажува своите извајани мускули.

„Поинаква раса“, беше краткиот, но елоквентен коментар на Ибрахимовиќ.

Пред неколку дена тој го продолжи договорот со „росонерите“ на уште една сезона, но на терените ќе се врати најрано во јануари кога се очекува да се опорави од тешката повреда.

Слични содржини