Ибрахим очекува корегирање на втората уставна измена и поддршка од сите партии

од Nikola Popovski
610 прегледи

Пратеникот и лидер на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим не навести дека ќе гласа против уставните измени, откако вчера дел од медумите објавија дека е против амандманите со кои ќе се внесат повеќе малцинства во Премабулата од Уставот, меѓу кои и бугарското. Во изјава за „Локално“ истакна дека предлог-измената и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија односно Амандманот XII што се однесува на Комитетот за односи меѓу заедниците е неуставна.

Како Партија за движење на Турците (ТХП) секогаш сме насочени кон ЕУ интеграцијата. Сметам дека тоа сме го докажале изминатиот период со нашето политичко делување. Бидејки со новиот предлог бројот на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците наместо досегашните 19 члена, да се зголеми на 43 при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци, а по еден член ќе имаат сите други заедници. Со овој предлог не се почитува правичната и соодвената застапеност која е загарантирано со Уставот, ни рече Ибрахим.

Посочува дека со повеќе од 1/3 од вкупниот број на пратеници, Комитетот за односи меѓу заедниците ќе биде и нефункционално.

Сметам дека овој предлог на измена ќе се корегира во понатамошната процедура, каде што очекувам и поддршка од сите политички партии, истакнува Ибрахим.

Ова следува откако пратеникот вчера го изнесе својот став на социјалните мрежи, на денот кога уставните амандмани за првпат стигнаа во Собранието и се најдоа на Комисијата за уставни измени. Според тоа што го објави Ибрахим, втората уставна измена што ја предложи власта е неуставна и делот кој се однесува на измени на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците, според кој Турците би имале еден претставник.

Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите на земјава за членство во Европската Унија. Уставот може да се измени со двотретинско мнозинство во 120-члениот парламент во Скопје, но засега мнозинството ги нема потребните гласови.

Последни устани измени во Македонија беа направени по потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција, кога меѓу другото државата се обврза да го промени името од Република Македонија во Република Северна Македонија. Исто така во 2001 година Уставот на земјата беше промент по потпишувањето на Охридскиот договор за ставање крај на вооружениот конфликт во Македонија.

Н.П.

Слични содржини