Пред неколку години, на протестот од 13 јуни 2015-та, еден од главните слогани ни беше “Don’t call me 20%!”. И, колку повеќе се доближува времето за дискусија околу уставните измени, се повеќе се појавуваат некои политичари, кои за жал се обраќаат на албански јазик, и се обидуваат да „нè убедат“ дека „важно е интеграцијата, а не како ќе се именува албанскиот јазик“. Исто како на времето кога братство-единството беше поважно од барањата на Албанците, потоа зачленувањето во НАТО стана поважно од барањата на Албанците, денес интеграцијата во ЕУ е поважно од интересите на Албанците. И не се лутам што се наоѓаат некои т.н. Албанци кои ги бранат „големите“ интереси и мамат без срам, туку жал ми што мислат дека навистина им веруваме, изјави генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими.
-А за каква европска интеграција може да се зборува кога Македонците имаат толкава алергија, што нејќат ни да го спомнат албанскиот јазик, па затоа во уставот се користи еден срамен еуфемизам, долг 1 км, што ја отсликува албанофобијата што никако да стивне?!, додава Ибрахими.
Според него, „ова што се случува е исто кога странските дипломати, поради грчкиот притисок, ја нарекуваа Македонија „вашата земја“, „вашата држава“ и Македонците се иритираа „зошто не ни го спомнувате името?“
-И ете, тие Македонци, до вчера жртви на несмпонувањето, денес се претвораат во агресори и ги фаќа албанонервоза ако во уставот треба да се запише именската група „албански јазик“. Тие, кои го сменија името на државата заради грчкиот притисок, одбиваат да го отстранат понижувачкото именување на албанскиот јазик поради меѓуетничката кохезија со нивните сограѓани Албанци. Тоа значи дека се прифаќа притисокот на посилниот, но не и барањето на послабиот.
Да се разбереме: не дека не е значајно интеграцијата – како нашата стратешка цел, но прашањето е зошто секогаш Албанците треба да ја плаќаат цената?
Како и да е, Албанците треба да кажат јасно дека ако интеграцијата зависи од патолошката албанофобија, која мрази да го спомне албанскиот јазик, тие не треба да жалат ако го бранат албанскиот јазик и по таква цена. Можеби потоа Албанците ќе смислат некое покреативно и алтернативно решение, истакнува Ибрахими.