Ибрахимовиќ сакаше да го запознае Ѓоковиќ со неговата сопруга: „Веќе се запознавме“

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Уште еднаш Златан Ибрахимовиќ го придружуваше Новак Ѓоковиќ, овој пат во Торино, каде српскиот тенисер славеше во финалето. Ибра не ги пропушта натпреварите на Ноле во северна Италија и е голем навивач, што се гледа на секоја нивна средба.

Овој пат Ибра бил толку возбуден за време на средбата што заборавил дека веќе го запознал со својата невенчана сопруга Хелена Сегер.

„Кај си лаву“, го поздрави Златан Новак, а Ѓоковиќ му одговори: „Кај си брате“.

Ибра потоа сакаше да го запознае со мајката на неговите две деца, со која е во врска веќе 20 години.

„Ова е мојата…“, започна Ибрахимовиќ.

„Веќе се запознавме“, го потсети Ѓоковиќ, што го потврди и сопругата на Ибра.

Слични содржини