Ибрахимовиќ и овој Божиќ ги налути верниците (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ (40) им го честиташе Божиќ на сите верници, но успеа да разбесни добар дел од навивачите. Така ја продолжи „традицијата“…

Имено, Златан објави среден прст заедно со пораката „Merry Chriztmaz“.

За помалку од еден час доби речиси половина милион „лајкови“ за таа фотографија на Инстаграм, но на многумина не им се допадна пораката.

Навивачите го опсипуваа со негативни пораки, некои му посакуваа да не постигне ниту еден гол во 2022 година, а некои го прозваа поради потеклото. Други беа груби и во најмала рака „непримерни“ како неговата честитка…

– Се гледа дека си од Балканот! Можеш да заминеш од Босна, но Босна од тебе никогаш. Се надевам дека наскоро ќе ја завршиш кариерата, вели еден од „фановите“.

За некои, фотографијата и целиот пристап е духовит, што го објавија преку емотиконите и поддржувачките коментари.

Додека минатата година го стави средниот прст во оделото на Дедо Мраз, оваа година средниот прст е всушност свеќа, а одозгора се пали пламен.

Секогаш кога ќе го прашаат за религија, тој вели дека верува само во себе, но и дека ги почитува другите.

Слични содржини