Ибрахимовиќ во солзи се прости од фудбалот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, ЛА Галакси и двапати Милан. Златан Ибрахимовиќ (41) ја одигра својата улога. Одличниот шведски фудбалер со бошњачко-хрватски корени најави повлекување по неделниот натпревар помеѓу Милан и Специја.

Таму на некој начин Милан го избрка бидејќи ден пред натпреварот објавија дека нема да му понудат нов договор. Но, тој веројатно можеше да го очекува тоа.

„Збогум“, порачаа навивачите во кореографија на Сан Сиро, а по натпреварот и самиот Ибра се прости од нив и не можеше да ги запре солзите.

Слични содржини