Исламска држава тврди дека жив го запалила заробениот јордански воен пилот

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Исламска држава објави денеска видео-снимки од маж кој жив гори и наведуваат дека тоа е јорданскиот пилот заробен откако авионот Ф-16 се урна во Сирија на 24 декември.

File photo: Moaz Youssef al-Kasasbeh

Муас ал Касасбех извршувал воздушен напад врз позиции на ИД во кампањата на меѓународната коалиција против џихадистите.

На снимката чија веродостојност не е потврдена, прикажан е човек во пламен зад решетки. Јорданската Влада преговараше со припадници на ИД за размена на заробеници.

Националната телевизија објави дека Ал-Касабех е убиен пред еден месец.

Во друг видео-материјал објавен на исламистички форуми, Исламска држава упатува нови закани кон Франција каде како што тврди, има илјадници приврзаници подготвени за напади./МИА