Идеја за вкусен појадок за целото семејство: Полжави со сирење

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Пециво во форма на полжав, појадок за цело семејство!

Состојки

– 1 пакување замрзнато лиснато тесто (500 гр)

– 200 гр сирење

– 1 лажичка сув билен зачин

За премачкување:

– 1 јајце

Подготовка:

Измешајте ги ренданото сирење и сувите билки во сад.

Одмрзнатото лиснато тесто развлечете го во големина од 25×35 сантиметри и премачкајте го со изматено јајце.

Посипете го со половина од количеството сирење и свиткајте во ролна.

Ролатот исечете го на 12 подеднакво широки парчиња, па ставете ги во плех обложен со хартија за печење.

Повторете го процесот.

Полжавите од лиснато тесто премачкајте ги со изматено јајце и печете во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Слични содржини