Идеи за бојадисување на домот во геометриски форми

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Летото не е само сезона на одмори и паузи. Во летото е и најсоодветно време да го поправите и освежите својот стан.
Како да го направите тоа најлесно? Со бои, се разбира!43a874ee0bdcb919945db12c3547e97b

Свежата боја секогаш дава светлина на домот и ја засилува енергијата. Но, постои едно големо “но”, кога станува збор за освежителните бои – како да го направиме поуникатно тоа од секој друг пат досега?

Со геометриски форми ! Ова е прекрасен начин да го направите вашиот дом да изгледа повеќе простран, во бутик-стил и неспоредлив со што и да е друго!

Конвенционалниот начин за бојадисување е до болка здодевен за многумина, затоа послужете се со нови идеи од нашите предлози.

Можете да изберете остри форми , правилни, квадратни, правоаголни или мешани со овални – изборот е целосно ваш. Ваши се и преференциите за бои .

Никако не е тешка задача да се исполни и самостојно без ангажирање на специјалисти. Потребно е само да ги “исечете” аглите со помош на хартија-селотејп или креп-трака. Бојадисувањето на наведените форми потоа е лесно.

Ако одлучите да се потпрете на оваа идеја ќе се убедите колку простран всушност бил вашиот стан, а не сте го забележале досега!

Инспирирајте се во нашата галерија.