Ѕидни часовници се прекрасна декорација за дома. Се разбира, тие имаат и својата функционална вредност.
Можете да си направите големи ѕидни часовници од непотребни предмети. Она што треба да купите е механизам за часовници и батерии. Тој се прикачува со помош на лепило за внатрешниотили задниот дел на часовникот.
Како основа за вашиот ѕиден часовник можете да го користите:
грамофонска плоча
велосипедско тркало
Без разлика каков предмет сте избрале за основа, во средината треба да се направи дупка низ која ќе помине механизамот на стрелките. Прицврстете со помош на завртки во комплетот. Потоа со помош на лепило залепете го главниот дел на грбот на часовникот.
Слики и идеи: Pinterest / decoratingyoursmallspace.com

