Идентитетот на 46 жени убиени ширум Европа се уште е мистерија: Интерпол ги повикува граѓаните на помош

од Nikola Popovski
54 прегледи

Полицијата на шест европски земји и Интерпол повторно отвораат истрага за 46 жени кои биле убиени или починале под сомнителни околности, со цел да ги идентификуваат нивните посмртни останки, соопшти денеска Интерпол.

„Сакаме да им донесеме одговори на семејствата и да обезбедиме правда за жртвите“, изјавил генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, пренесе Ројтерс.

Операцијата наречена „Идентификувај ме“ ја прошири истрагата надвор од Белгија, Холандија и Германија до Франција, Италија и Шпанија.

Во првата фаза од истрагата требаше да се разјаснат имињата и судбината на околу 22 жени чии тела биле пронајдени низ годините.

Благодарение на информациите од јавноста, идентификувани се посмртните останки на Британката Рита Робертс, 31 година откако нејзиното тело било пронајдено во Белгија.

Сток истакнал дека помошта на јавноста е клучна.

„Не можеме сами“, рекол тој.

Слични содржини