158
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека зазеле клучните пунктови на Хамас во градот Газа, при што убиле околу 150 терористички оперативци.
Од Армијата наведуваат дека во изминатите денови нејзината 401-та бригада го предводела нападот на таканаречениот пункт Бадер, главниот пункт на баталјонот Хамас во бегалскиот камп Ал Шати, кој се наоѓа во близина на цивилни домови недалеку од бегалскиот камп, пренесе „Тајмс оф Израел“.
ИДФ соопшти дека за време на нападот врз пунктот, војниците го уништиле воениот штаб и местата за лансирање ракети.