ИДФ: Најголемиот тунел на Хамас откриен во близина на преминот Ерез со Газа

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Израелската армија денеска соопшти дека на стотина метри јужно од граничниот премин Ерез со Појасот Газа го открила најголемиот тунел со бетон и железо, наменет за, како што тврдат, транспорт на голем број борци на Хамас од Газа до граница.

„Тоа беше најголемиот тунел што го најдовме во Газа… чија цел беше да го нападне преминот (Ерез)“, рече портпаролот на израелските одбранбени сили, контраадмирал Даниел Хагари, но не прецизираше дали Хамас го користел тунелот за да го нападне Израел на 7. октомври.

Армијата на новинарите им го покажа влезот во тунелот скриен во песочна дина, за кој тврдат дека е главен проект на Хамас.

„Во овој тунел беа инвестирани милиони долари. Беа потребни години да се изгради… Низ него можеа да минуваат возила“, додаде Хагари.

Слични содржини