ИДФ погодила 150 подземни локации на Хамас во воздушни напади, војници, тенкови оперираат во Газа

од Radmila Tasevska
180 прегледи

Израелската Армија објави дека „погодила 150 подземни цели“ во северниот дел на Појасот Газа за време на интензивните бомбардирања во текот на ноќта. Израел верува дека палестинското исламистичко движење ги организира своите операции од голема мрежа на подземни тунели.

-Во текот на ноќта, воените авиони нападнаа 150 подземни цели во северниот дел на Појасот Газа, вклучително и тунели што ги користат терористите, подземни борбени локации и друга подземна инфраструктура. Неколку терористи на Хамас се убиени, се вели во коминикето, објавено по ноќешните интензивни израелски воздушни напади врз палестинската територија.

ИДФ соопшти дека израелски воени авиони го убиле шефот на воздухопловните сили на Хамас, кој бил вклучен во планирањето на нападот на 7 октомври. Во соопштението се вели дека Асем Абу Ракаба бил одговорен за дронови, параглајдери, откривање и воздушна одбрана на Хамас.

Израелските бомбардирања во Појасот Газа продолжија и во текот на ноќта. Засега нема извештаи за жртви, но медицински извори од Палестинската територија велат дека стравуваат од голем број жртви и значителна штета од бомбардирањето.

Пешадијата од ИДФ и тенковите се уште остануваат во Појасот Газа додека копнената операција продолжува.

ИДФ ги оквалификува нападите како „проширена копнена активност“, наместо целосна копнена офанзива.

Слични содржини