Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека извлекле тело на израелска заложничка од зграда во близина на болницата Ал Шифа.
– Телото на Јехудит Вајс, која беше киднапирана од терористичката организација Хамас, војниците на ИДФ го извлекоа од структура во близина на болницата Шифа во Појасот Газа и го префрлија на израелска територија. Во зградата каде што беше телото пронајдена е и воена опрема, вклучително и пушки, се наведува во соопштението.
– По процесот на идентификација спроведен од воено медицински и рабински персонал, заедно со Институтот за судска медицина и израелската полиција, претставници на ИДФ и израелската полиција го известија семејството на Јехудит Вајс, кој беше киднапирана од нејзиниот дом во Бари од страна на терористичката организација Хамас на 7 октомври, дека е прогласена за мртва, се додава.