ИДФ уапси стотици осомничени за време на операција во Џенин на Западниот Брег

од Radmila Tasevska
150 прегледи

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивната операција во бегалскиот камп Џенин, на окупираниот Западен Брег, трае повеќе од 30 часа.

ИДФ соопшти дека уапсила стотици осомничени, пребарала над 400 згради, запленила оружје и муниција и уништила „терористичка инфраструктура“, објави Би-Би-Си.

Тие изјавија дека уништиле шест лаборатории кои служеле за изработка на експлозиви, како и неколку подземни бунари во реонот на кампот.

Операцијата на израелската армија предизвика протести на тамошните Палестинци. Палестинските демонстранти запалија гуми за да ги блокираат патиштата по рациите.

Претходно денеска, палестинското Министерство за здравство објави дека 13-годишно момче стана седмата жртва за време на рации и напади со беспилотни летала во областа Џенин во изминатиот ден.

Слични содржини