3,1K
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари денеска изјави дека висок командант на Хамас е убиен во израелски воздушен напад во текот на ноќта во Појасот Газа.
„Не ги запираме нашите напади на Појасот“, рече тој, додавајќи дека десетици членови на Хамас, вклучително и заменик-командантот на милитантната група, биле убиени во нападите во текот на ноќта, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој посочи дека ИДФ ги засилува нападите во Појасот Газа за да ги намали заканите за нејзините сили како подготовка за следната фаза од војната, мислејќи на очекуваната израелска копнена офанзива.
„Одиме во следната фаза под најдобри услови за ИДФ и во согласност со одлуката на политичкиот ешалон“, додаде Хагари.