Уште пред да се исушат раните од првото злосторство кон елката на Мајка Тереза, Град Скопје без претходна консултација, и покрај последователните барања на ИДКНА за координативна средба, одлучи да го стори второто кривично дело кон оваа елка, реагираат од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА).
Воден од целосна професионална и етичка неодговорност, Град Скопје преку вработените во општинските претпријатија го претвори во мртво место просторот каде што беше засадена елката на Мајка Тереза.
-Наместо да ги ревитализираат корените на оваа елка, општинските работници истурија хемиски раствор на корените и во околината, со што беше невозможна нивната ревитализација. ИДКНА најостро го осудува ова второ злосторство на елката на Мајка Тереза и бара од властите на Град Скопје да престанат со своите постапки кои наскоро може да имаат епилог на одговорност врз основа на Законот што се подготвува, а кој предвидува соодветни мерки против сите оние кои ќе наштетат кон наследството на Мајка Тереза, стои во соопштението.