23
Се чини дека иднината на Maserati е под голем знак прашалник. Имено, Stellantis се откажа од својата инвестиција од 1,5 милијарди евра во италијанскиот бренд, која вклучува развојен пакет за електричниот Maserati MC20 и електричните наследници на Quattroporte и Levante.
Autocar пишува дека финансискиот директор на Stellantis, Даг Остерман, верува дека конгломератот треба да го преиспита времето на планираното лансирање на производи на Maserati.
На Maserati му требаат пари и нови модели ако сака да опстане. Минатата година изгуби 260 милиони евра, при што глобалната продажба падна од 26.600 возила во 2023 година на само 11.300 возила минатата година.
Најавата на Stellantis за повлекување на голема инвестиција дефинитивно не е добар знак…