ИЕА очекува суфицит на глобалниот пазар на нафта од еден милион барели дневно во 2025 година

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) денеска во својот ноемвриски месечен извештај прогнозира дека понудата на нафта на светскиот пазар во 2025 година ќе ја надмине побарувачката за еден милион барели дневно (bpd).

Според извештаите, вишокот ќе се појави дури и ако земјите од картелот ОПЕК + продолжат со доброволни ограничувања на производството на нафта, пренесува Ројтерс.

Агенцијата со седиште во Париз верува дека растот на побарувачката за нафта следната година ќе изнесува 990.000 барели дневно, додека земјите што не се членки на ОПЕК плус ќе произведуваат 1,5 милиони барели дневно и на тој начин ќе создадат вишок.

Значителен раст на производството на нафта се очекува во Соединетите Американски Држави и Канада. Гвајана и Аргентина, според извештајот.

Вишокот на пазарот е пред се последица на послабата побарувачка за нафта во Кина и постепената транзиција кон технологии кои се поеколошки во споредба со фосилните горива.

Во исто време, Меѓународната агенција за енергија ја зголеми проценката за растот на побарувачката на нафта во 2024 година за 60.000 барели дневно на 920.000 барели дневно.

Во својот ноемвриски месечен извештај, објавен оваа недела, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) повторно ја намали својата прогноза за раст на глобалната побарувачка на нафта на 1,8 милиони барели дневно во 2024 година и 1,5 милиони барели дневно во 2025 година.

Според тоа, прогнозата на Меѓународната агенција за енергија значително се разликува од најновата проценка на нафтениот картел ОПЕК, но и двете организации очекуваат пад на светската побарувачка на нафта.

Слични содржини