Во 2024 година светската економија ќе порасне за 2,6 отсто, а европската за поскромни 1,9 отсто, покажуваат резултатите од кварталното истражување на економските експерти (ЕЕС) објавено денеска, спроведено од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и Швајцарскиот институт за економска политика.
Во Европа очекувањата се доста хетерогени, откако се прогнозира дека економијата на Велика Британија да порасне за 0,5 отсто, а германската за 0,6 отсто.
Експертите ширум светот генерално веруваат дека политичката стабилност е подобрена во споредба со претходниот квартал и покрај конфликтите на Блискиот Исток, со исклучок на Северна Америка и Западна Европа, кои известуваат за помала стабилност и поголемо незадоволство од работата на нивните влади.