Игор Кокошков ќе биде нов селектор на Србија

од Aleksandar Petrovski

Србија доби нов селектор во името на Игор Кокошков.

Медиумите пренесуваат дека помошниот тренер на Сакраменто Кингс ќе ја предводи Србија во квалификациите за Олимписките игри 2020 година.

Но Кокошков е внимателен.

„Некој таа вест неодговорно ја пуштил во медиумите. Ништо не е официјално. Чекам дозвола од Кингс. Повеќе ќе знам до крајот на неделата“, изјави Кокошков за Мондо.рс.

Нешто слично пред неколку дена изјави и претседателот на кошаркарскиот сојуз на Србија, Предраг Даниловиќ, повикувајќи на внимателност, но истакнувајќи дека Србија до крајот на неделата ќе добие селектор.

Сепак новинарите и поранешните играчи и љубители на кошарката сметаат дека тоа е само формалност и се воодушевени од изборот на Кокошков.

Кокошков беше помошен тренер во репрезентацијата на Србија и Црна Гора (ОИ 2004 и ЕП 2005 година) додека селектор беше Жељко Обрадовиќ.

Беше селектор на Грузија и Словенија со која освои злато на ЕП 2017 година.

Слични содржини