ИЈЗ: Негативен е тестот за птичји грип кај посетителката на ЗОО Скопје

од Илинка Илиоска
10 прегледи

Резултатите од тестот за птичји грип кај посетителка на скопската Зоолошка градина се негативни, информира денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, посочувајќи дека нема потреба од паника и дека нема пријавено други лица за тестирање. Жената, родена во 1958 година, сама побарала да биде тестирана поради нејзина загриженост, објасни Андоновска.

„Посетителка на скопската Зоолошка побара да биде тестирана за птичји грип. Резултатите ги добивме и се негативни. Жената е родена 1958 година. Ја тестиравме со нејзино убедување“, рече Андоновска.

Дополнително, двајца вработени во Зоолошката, кои исто така беа тестирани, имаат негативни резултати, што значи дека засега нема опасност за посетителите на градината. Андоновска посочи дека преносот на вирусот е малку веројатен освен ако не се има многу близок контакт со заразено животно. „Навистина треба да се има близок контакт за да се случи пренос на вирусот“, додаде таа.

Тина Мицковска: Политиката надвор од ЗОО, ние сме тука за животните

Зоолошката градина во Скопје е затворена од викендов поради потврден случај на птичји грип кај угината птица. Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), надзор бил спроведен веднаш, при што било извршено хумано убивање на неколку видови птици за да се спречи ширењето на вирусот.

ИЈЗ исто така објави препораки до граѓаните, кои вклучуваат:

  • Избегнување близок контакт со заразени или угинати птици, особено ако се потврди присуство на вирусот.
  • Одржување висока хигиена при ракување со живи животни или птици, користење заштитна опрема ако е потребно.
  • Граѓаните кои работат во контакт со птици да преземат дополнителни мерки за заштита.

Зоолошката градина во Скопје ќе остане затворена 21 ден за да се спречи ширењето на вирусот и да се обезбеди безбедност за јавноста и вработените. АХВ потврди дека, иако Зоолошката детектирала угината птица на 14 октомври 2024 година, не пријавила сомнеж на заразна болест до надлежните органи, што претставува прекршување на законските процедури.

Исто така, од АХВ наведоа дека ЗОО Скопје го детектирала пцовисаното животно на 14 октомври 2024 година, но не пријавила сомнеж на заразна болест до официјалниот ветеринар, што претставува кршење на законските процедури. Раководството на Зоолошката самостојно доставило примерок до Факултетот за ветеринарна медицина, каде примерокот бил примен на обработка на 15 октомври 2024 година.

Како да ги заштитите домашните миленици од птичји грип

 

 

Слични содржини