ИЈЗ регистрираше 1.753 оздравени лица и 9 починати како последица од Ковид 19 во изминатите 24 часа

417 прегледи

Во рамки на дневниот извештај од Институтот за јавно здравје, покрај новиот број на 721 заразен, регистрирани се и 1753 оздравени пациенти, додека деветмина починаа.

Преглед по градови на оздравените пациенти:

Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Направени се 3.323 тестови преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-131, Авицена-305, Биотек-317, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина-272, лабораторија Лаор–176, МАНУ-0, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-113, Ремедика-22, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1029, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Слични содржини